VAL.EU: Европски Врдности

Val.EU – Европски Врдности е веб базирана платформа која е креирана со поддршка на организации од проектното партнерство EVEQ (European Values through European Intelligence). Проектното партнерство се состои од 5 партнерски организации со различна педагошка позадина.

Овде ќе најдете корисни информации иресурси за настава и учење на основните европски вредности како што се човековото достоинство, слободата на изразување, демократијата, различноста, еднаквоста и владеењето на правото.

Проектот има за цел развивање на state-of-the-art пристап во обезбедувањето на заеднички европски вредности за возрасни и пошироко. Методологијата се базира на принципите на културната интелигенција (CQ) која е прилично нова методологија која може да се сфати како способност за поврзување и ефикасно работење низ културите. Овој пристап ќе биде пренесен и понатаму да се развие како практичен модел за европска интелигенција, промовирање и подлабоко развирање на европските вредности (EQ), лесно употреблив и пренослив во различни средини за настава и учење.

Проектот EVEQ се финансира преку Европската комисија, Програмата Еразмус + (Стратешко партнерство во образованието на возрасни, 2016-2018). Оваа веб-платформа ги одразува само ставовите на авторите, а Европската комисија не може да биде одговорна за каква било корист што може да се направи информациите содржани во нив.

logo_erasmus_ece4e16e90.png